Лев банер Десен банер

Втора конференција за социјални иновации во Скопје

На втори октомври во Кино Фросина во  Скопје ќе се одржи втората конференција за социјални иновации „Social Innovators Conference“ со цел да се прикаже позитивното влијание како и општествената трансформација која се случива благодарение на социјалните иновации. Оваа конференција е во организација на Social Impact Lab и асоцијацијата Паблик. Организаторите во својата објава велат :

Во 2016та, за прв пат во Скопје ја организиравме конференцијата за социјални иновации, Social Innovators Conference, со желба да ја прикажеме позитивната инспирација и трансформација која истите ја овозможуваат во едно општество. Редица партнери, волонтери и луѓе полни страст од целиот регион на Централна и Источна Европа го поддржаа создавањето на оваа прва регионална #SocInv конференција во Скопје. Оваа година, ве покануваме на уште едно слично патување низ светот на социјалните иновации, организирано од Social Impact Lab и асоцијацијата Паблик.

Што да очекувате годинава?
– 8 уникатни спикери од различни Европски земји кои ќе ги споделат своите реални претприемачки искуства од сферата
– Саем на социјални бизниси од Македонија, кои ќе ве инспирираат со своите приказни и производи
– Импакт бут во кој ќе ве анимираме со различни забавни содржини
– Можност да се сретнете со сите членови од Централна и Источна Европа и менаџерскиот тим на Мрежата за социјални претприемачи ГСЕН од Англија
– Панел дискусија со еминентни стејкхолдери од регионот, вклучувајќи го Државниот секретар на Република Словенија, Тадеj Слапник, и претседатлот на ГСЕН мреажата, Кристина Тора
– Свечена церемонија и доделување на наградите на победниците од овогодишната Награда за социјално претприемништво во Македонија
– Убава енергија, наздравување и сE што може да донесат заедничките дружења! :)“

Конференцијата ќе трае од 9и30 до 17и30 часот

error: