Истражување: 115,7 години е максималниот животен век

- Занимливо
842

Холандски научници од Тилбургскиот универзитет истражувале и успеале да го определат максималното времетраење на човечкиот живот. Специјалистите утврдиле дека мажите можат да живеат до 114,1 година, а жените – до 115,7 година Тие дошле до овој заклучок, анализирајќи го времетраењето на животот на повеќе од 75 000 жители на Холандија, починати во изминатите 30 години на возраст над 94 години.

Научниците откриле дека за периодот од 1986 година до 2015 година максималното времетраење на животот не бележи зголемување.

Рекорд во долговечност има постигнато Французинката Жана Калман, која починала на возраст 122 година и 164 дена.

Facebook Коментари