За сите љубители на трилери: Предлог книги кои ќе ве остават без здив

- Занимливо
1469

Љубителите на книги ја знаат страста која може да ја предизвика пишаниот збор. Доколку сте љубители на возбудливи трилери обидете се да го изберете најдоброто. Доколку се одлучите за Трилогија „Милениум“ сигурно нема да погрешите. Станува збор за три книги на авторот Стиг Ларсон со следниве наслови: „Девојката со тетоважа на змеј“, „Девојката што си играше со оган“ и „Девојката што го урна осилото“.

Во трите делнови главната хероина е Лизбет Салендер заедно со новинарот Михаил Блумквист. Во првата книга „Девојката со тетоважа на змеј“ патиштата на Михаил и Лизбет ќе се вкрстат на многу невообичаен начин. Два генијални умови ќе се спојат за да откријат едно убиство. Ќе се соочат со многу опасности од минатото и сегашноста. Настани од кои ќе ви запре крвта во вените. Ќе ја запознаете Лизбет, девојка која многу малку зборува, а нејзиниот изглед е толку многу добро доловен од страна на авторот што ќе можете да си ја замислите. Тетоважа на змеј, четриесеттина килограми, скоро избричена глава, пирс на носот и веѓата, сокриени емоции и надпросечна интелигенција која ја носи до бесстрашност.

Во вториот дел од трилогијата Милениум, Лизбет Саландер и Микаел Блумквист повторно се наоѓаат во центарот на една напната приказна. Сè започнува со убиството на младиот новинар на магазинот Милениум и неговата девојка, непосредно пред објавувањето на нивната голема репортажа за трговија со луѓе. На оружјето со кое е извршено убиството се пронајдени отпечатоците на Лизбет Саландер, тогаш започнува големиот заплет кој од зад решетки ќе ја однесе во желба за одмазда.

Во третиот дел насловен како „Девојката што го урна осилото“ својата борба за правда Лизбет ќе ја води со повреда во главата. Микаел Блумквист е тука да и верува и да и помогне тогаш кога никој не сака и никој не може да го направи тоа.

Ова е можеби најдобрата трилогија на денешницата, иако за жал шведскиот автор Стиг Ларсон не успеа да се израдува на големиот успех бидејќи ненадејно почина брзо по промоцијата на книгите.

Facebook Коментари