(ВИДЕО) Пет тибетанци за здрав и среќен живот

- Здравје
3392

Доколку имате желба да одржувате здраво тело и здрав дух, а не сте љубител на напорното вежбање во теретана ви нудиме вежби кои не одземаат многу време, воопшто не се напорни, а на долгорочен план ќе предизвикаат низа бенефити за вашето психо-физичко здравје. Станува збор за пет тибетанци. Вежби кои се стари 4000 години , биле  чувани во тајност, сè додека на средината на 20-от век не беа објавени во книгата со наслов „5 тибетанци или фонтана на младоста.“ Се верува дека со секојдневно практување на тибетанците се забавува стареењето и телото се одржува во саканата форма без разлика на возраста.  Потребно е секоја недела да се зголемува бројот на изведување на вежбите. Секоја од петте вежби првата недела треба да се прави по три пати. Втората недела по пет пати, третата по седум пати. Така, секоја недела зголемувајќи за два треба да се стигне до 21.  Петте тибетанци најдобро е да се прават наутро, но можете да ги практикувате во текот на денот но не вежбајте ги навечер и после оброк.

Facebook Коментари