Доколку не ја знаете приказната за љубовта помеѓу Малена и Клепетан многу сте пропуштиле. Станува збор за два штркови кои на својата љубов и биле поверни и од луѓето. Оваа приказна која предизвика интерес низ целиот свет започнала кога пензионерот Стјепан Вокиќ ја пронашол Малена пред 20 години. Била повредена и со скршено крило. Пензионерот решил да ја зачува и да се грижи за неа. На покривот од основното училиште во хрватскиот Бродски Варош на Малена и се придружил мажјакот Клепетан. Тој можел да лета , но не ја заборава својата сакана. Клепетан се враќал секоја пролет и речиси секоја година се раѓале малечки. Потоа Клепетан им помагал да научат да летаат и заминувал за јужна Африка додека неговата сакана останувала во хрватското село.
Освен што Клепетан летал илјадници километри за да стигне до гнездото на Малена, и таа нему му била верна. Секоја година кога се ближел крајот на март таа била возбудена и одбивала да јаде се додека не стигне нејзиниот партнер. Годинава пристигнувањето на Клепетан беше повеќе од неизвесно со оглед на тоа дека пред речиcи десет дена помина денот кога тој пристигнува кај својата Малена изминативе четринаесет години. Дел од медиумите веќе објавија дека заврши најубавата љубовна приказна, а и пензионерот Стјепан кој се грижи за Малена за хрватските медиуми изјави дека нема веќе надеж и дека Клепетан нема да пристигне и дека најверојатно нешто му се случило. Но, денеска стигна добрата вест. Клепетaн со задоцнување од десеттина дена стигна кај својата сакана.
Facebook Коментари