Истражување на Центарот за економски анализи: Граѓанските организации во Југозападниот регион не се доволно вклучени во стратегиите за развој на локално ниво

- Локални
933

Југозападниот регион во кој спаѓаат градовите Охрид и Струга, е регион во кој граѓанските организации не се доволно вклучени во стратегиите за развој на локално ниво. –ова се резултати од истражувањето на Центарот за економски анализи преку проектот „Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество”.

Во овој извештај е направена и анализа според која приходите од централната власт и локалната власт или земаат мало незначително учество во вкупните извори на средства на граѓанските организации во Југозападниот регион, или воопшто не постојат.

Истражувањето е направено за да се идентификуваат причините кои го движат развојот на фондациите, здруженијата и граѓанските организации во регионите и во општините на Република Македонија како и да се идентификуваат последиците од таквиот развој.

– Перцепцијата на граѓанските организации во Охрид и Струга во однос на Центрите за рамномерен регионален развој, организациите во овие градови не се запознаени ниту информирани дека Центарот за рамномерен регионален развој објавува повици, со исклучок на една граѓанска организација, која аплицирала и добила грант, но за непозната активност. Иако невладиниот сектор генерално се споменува во националната стратегија за регионален развој, стратегиите за развој за иновации како и развојните програми, сепак истите слабо се применуваат на терен и најголем број од граѓанските организации воопшто не се запознаени и не партиципираат во нивната изработка –  стои во извештајот на ЦЕА.

Во извештајот се додава дека организациите од Југозападниот регион имаат најниска оцена 1,4 далеку под просечната оцена за Македонија 3,1 што укажува на тоа дека граѓанските организации од овој регион скоро и да не бараат можности за влијание врз владините политики. Потребни се интервенции во соодветната законска регулатива за да се одвојат граѓанските организации од партиски, владини и слични организации, лоби групи, истражувачки центри и активисти.
Од Центарот за економски анализи препорачуваат  процесите на креирање политики да бидат отворени за вклучување на граѓанските организации во планирањето, а не да се користат како потврда на веќе донесени политики и планови од извршната, судската и законодавната власт.

Facebook Коментари