Денеска е светски ден на здравјето – бројот на депресивни луѓе расте, психолозите со препораки за превенција

- Здравје
1247

Денеска е светски ден на здравјето, а според податоците од СЗО над 350 милиони луѓе се заболени од депресија, а во Европа, четири од 15 луѓе страдаат од некоја форма на депресија. Се проценува дека на годишно ниво депресијата и анксиозноста доведуваат до глобални економски загуби кои се повисоки од еден билион американски долари. Ние се фокусиравме на македонската реалност каде исто така депресијата зема замав. По тој повод Strugaonline консултираше психолог. За причините за превенција, старосната граница на депресивни лица како и препораките за превенција и надминување на веќе настаната депресија разговаравме со Ивана Ѓероска – Трпеска – психолог.

Ѓероска ја истакна комплексноста на оваа болест , а како најчести причини  покрај генетската предиспозиција ги наведува начинот на живот, изложеноста на стрес, животните проблеми и искуства,невработеноста,егзистенцијални проблеми, социо-економскиот статус, страв од загуба на работата.

Загрижувачки е фактот дека се повеќе млади луѓе страдаат од депресија.

,,Депредијата се јавува во сите животни периоди. Најчесто се јавува во 30 -40 те години. Најзагрижувачки е тоа што се јавува во најрепродуктивниот период дваесетите,триесетите и четириесетите години од животот. Најчесто во овај период доаѓа до изложување на ситуации кои бараат прилагодување на нови околности како што се венчавка, губиток на работа, несоници, губењето на идеалите, емоционална болка. Стравот од губиток на работа,разнишување на социјалниот,брачниот, семејниот живот, беспарицата предизвикуваат чувство на безнадежност и безвредност, вина, а сето тоа и до депресија.” – додава Ѓероска Трпеска.

Секако, од исклучителна важност е свесноста на луѓето дека болеста не треба да се крие и дека стручната помош како и емоционалната поддршка од најблиските може да биде од круцијално значење за надминување на депресивната состојба. Негирањето на болеста може да има само негативни последици.

 

 

Facebook Коментари