(ВИДЕО): Јога – вежби за убаво утро и посреќен ден

- Здравје
2031

Утринските ритуали кои за секој од нас се индивидуални и зависат од нашиот карактер и навиките кои сме ги стекнале многу влијаат на нашето расположение. И ова утро насмевнете му се на огледалото, уживајте во утринското кафе и бидете благодарни на новиот ден. Но, покрај убавите мисли за будност и добро расположение потребна е физичка активност. Доколку не сте љубители на теретана и не можете да се вброите себе во спортски типови тогаш одберете јога. Низа истражувања ги покажуваат бенефитите од вежбањето јога и на физичко и на психичко ниво. Вљубениците во јогата велат дека со секоја јога-вежба се постигнува баланс помеѓу потребите на душата и телото.

Инструкторката по  јога од Њу Јорк Никол Хули, сними триминутно видео во кое претставува серија јога пози кои потенцијално ќе направат да се чувствувате посреќни. Погледнете го ова видео и обидете се практикувањето на овие пет вежби да ви стане утринска навика.

Facebook Коментари