Истражување: 10.000 чекори на ден за здрав живот

10.000 чекори дневно се доволни за двојно да го намалите ризикот од прерана смрт. Најновите истражувања покажуваат дека движењето позитивно влијае на срцето, го намалува лошиот холестерол и ги подобрува мозочните функции. Во низата бенефити од движењето се вбројуваат и позитивното влијание на густината на коските но и на расположението, што значи дека освен на физичката, пешачењето влијае и на психичката состојба на човекот.
Во студијата спроведена на Универзитетот Стенфорд, (во 2014та година) утврдено е дека движењето го подобрува креативното размислување (генерирање на нови идеи и начинот како да се спроведат истите) – пишува Daily Mail.
Во истата студија се наведува и дека не е важно каде, туку дека е важно единствено само да се движиме, без разлика дали тоа го правиме во отворен или затворен простор.
Според оваа студија одењето е дури поздраво и од трчањето кога станува збор за активности кои го чуваат срцето и крвните садови.

