Доколку доаѓањето на есента ви предизвикува меланхолични и депресивни чувства бидете сигурни дека не сте единствени. Напротив, во светот се повеќе луѓе страдаат од есенска депресија. Уште во 1987 година Американската психијатриска асоцијација официјално ја регистрира оваа душевна состојба како сезонско афективно растројство. Ваквата состојба најчесто започнува во месеците октомври и ноември, па продолжува во текот на зимата. Освен со повлеченост, повеќе желба за спиење се карактеризира и со зголемен апетит. Познато е дека депресивните состојби предизвикуваат нарушување во комуникацијата меѓу невроните, што се должи на нерамномерноста на трите вида хемиски соединенија во мозокот – норепинефрин, серотонин и допамин, кои ги емитуваат електричните сигнали помеѓу клетките. За да се постави дијагноза сезонско афективно растројство, потребно е да има присуство на карактеристични симптоми во текот на последните две години во наведеното време, и во пролет и лето нив да ги нема.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
После две години статуата на кучето Медена е означена како културно обележје на Google Maps и туристичка атракција во Струга
Пливачки клубови, пливачи и родители шокирани, базенот во Струга се затвора цели 4 месеци
Успешно организирана 21. Меѓународна веслачка регата „Струга Опен“
Место на новата генерација EUROPE HOUSE СТРУГА СЛАВИ ПРВ РОДЕНДЕН
Денес во Подгорци свечено се одбележа 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај
Facebook Коментари