Голем хуманитарен настан на „Мрдни со прст“ за донација на училиштен прибор оваа недела на Школка

- Македонија
854

 

Оваа недела (10 септември), Градскиот парк ќе одекне во звуците на македонската музика и солидарноста во рамките на хуманитарниот настан што ќе се одржи во периодот од 13 ч. до 15 ч. на Школка, во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности,меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, МартијаСтанојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, неповторливите Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа.

Целта на хуманитарниот настан е прибирање донации на училиштен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училиштен материјал, неопходен за непречено следење на училишната настава, кои хуманите граѓани ќе можат да ги достават во комбето на „Мрдни со прст“што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

Донациите ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства и од семејства во социјален ризик, кои се соочуваат со недостиг на финансиски средства за набавка на основните образовни материјали, а ќе им бидат дистрибуирани на околу 120 дечиња од 6 основни училишта во Скопје и околината, ученици во ОУ „Сами Фрешери“ во с. Глумово, ОУ „Марко Цепенков“ во Зелениково, ОУ „ЃоргКастриотиСкендербеу“ во Арачиново, ПОУ „Златан Сремец“ во Кисела Вода, ОУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, ОУ „Дитурија“ во Сарај и дополнителни три подрачни основни училишта во селата Крушопек, Грчец и Љубин.

Ги покануваме сите родители, грижливи браќа, сестри и дарежливи соученици да се придружат во собирањето прибор што подоцна ќе им го поделиме на оние на кои најмногу им е потребен.

Повеќе информации за иницијативата „Мрдни со прст“ се достапни на:www.mrdnisoprst.mk и на фесјбук-страницатаhttps://www.facebook.com/MrdniSoPrst/

Мрдни со прст! Ти си на потег!

Извор: Мрдни со прст

Strugaonline

Facebook Коментари