Било потребно многу време за оваа дама да се одлучи на таков чекор
Многу години водела борба со килограмите. Во еден период од животот имала дури 118 килограми , немала никаква самодоверба, а во интервју признала дека и нејзините деца се срамеле од неа.
Запознајте ја Кели Хоган (37) која еден ден цврсто одлучила дека сака и ќе достигне витка линија. После разноразни диети од кои немала никаква корист Кели одлучила да ги исфрли од исхранта јаглените хидрати – пишуваат странските медиуми.
„Секој ден внесувам само три намирници – јајца, месо и сирење, ништо друго и без исклучоци“ –објаснува Кели која денеска има 61 килограм.
Но, нутриционистите не се сложуваат со нејзиниот начин на исхрана, тие сметаат дека оваа диета негативно влијае на здравјето. Според нивното мислење во ваквиот вид на исхрана вишокот на беланковини и маснотии предизвикува прекумерно производство на кетон во организмот, а со тоа може да дојде до оштетување на бубрезите, црниот дроб, нервите и други органи.
Сега за сега, Кели добро ја поднесува својата телесна тежина и нема никакви последици од процесот на слабеење.
Сепак, пред секоја диета препораката е да се направи консултација со нутриционист.
Facebook Коментари