Црн или бел леб? – еве што велат истражувањата

- Здравје
1935

Најновото истражување спроведено од страна на научници од Нутритувната фондација на Велика Британија донело неочекувани резултати откако биле споредени црн леб со житарки од цели зрна и белиот леб на кришки.

Истражувачите го следеле нивото на масти и холестерол кај луѓето кои јаделе бел со оние кои јаделе црн леб  и заклучиле дека меѓу овие два видови на луѓе не постои разлика кога е здравјето во прашање.

За да се добијат точни резултати, 20 луѓе биле поделени на две групи  кои едната недела јаделе бел леб а потоа црн. Потоа со помош на тестови на крв  мереле количина на витамини и минерали, масти и холестерол.

На нивно големо изненадување, резултатите не се разликувале и едниот вид на леб не бил поздрав од другиот, пишува The Sun.

“Очекувавме огромни разлики во резултатите помеѓу белиот и црниот леб, но немаше никакви промени кои може да покажат дека едниот леб е поздрав од другиот за нашето здравје”, изјавила Бриџер Бенелам од Нутритувната фондација на Велика Британија.

Facebook Коментари