Лев банер Десен банер

Џудо -клубот „Дрим“ од Струга од Скопје се врати со пет освоени медали

Џудо клубот „Дрим“ од Струга на 04.11 учествуваше на осмиот по ред меѓународен наптревар „MIOKI OPEN“ кој се одржа во Скопје во организација на Миоки-џудо клубот. Во преголема конкуренција од 478 натпреварувачи од 13 земји, струшкиот џудо-клуб имаше свои 11 претставници , а пет од нив успеаа да се закитат со медали.

Пионери:

Андреј Јовчески – сребро

Суела Шабоска –сребро

Васил Томаноски-бронза

Кадети:

Aндреј Чакаровски- злато

Сениори:

Андреј Чакаровски-сребро

Лука Столески, Петар Дуноски, Стефан Попоски, Берин Шабоски, Вилијан Павловиќ, Христијан Глогоровски и Марио Нелоски исто така прикажаа одлични борби но не успеаа да се закитат со медали.

„Ние како џудо-клуб „Дрим“ Струга упатуваме честитики до целиот тим од џудо-клубот „МИОКИ“ за перфектната организација и одличните борби. Посебна пофалба изразуваме за тренерот Игор Паскоски за целокупниот труд околу организацијата на турнирот како и работата во тренажниот процес“ – велат од ЏК „Дрим“.

Strugaonline

 

error: