Време: Сончево со умерена облачност, во западните делови ќе има врнежи од дожд

- Македонија
873

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.  Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува, а во западните делови од земјава ќе има врнежи од дожд. Во утринските часови по одредени котлини ќе има услови за појава на магла. Дневните температури ќе се движат во интервал од 11 до 18 степени. Во вторник и среда се очекува променливо облачно време со повремен  дожд. Температурите ќе паднат за околу два степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари