Oпштина Струга организира инфо ден за доделување на финансиски средства

- Локални
787

Општина Стругa на 17/01/2018 (среда) со почеток во 13:00 часот во просториите на Центарот на заедницата на општина Струга организира Инфо ден во врска со ЈАВНИОТ ПОВИК за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации објавен на 11/01/2018 година.

Во рамките на настанот ќе биде објаснета процедурата и критериумите за аплицирање на повикот за спортските клубови, здруженијата од областа на културата и граѓанските здруженија. Средбата е отворена за сите заинтересирани граѓани на општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари