Пејачката на The Cranberries, Dolores O’Riordan замина во легендите

- Свет
873

На 46-годишна возраст, вчера  во Лондон почина пејачката на групата The Cranberries,  Dolores O’Riordan.

Дамата со прекрасен глас, која заедно со бендот во 90-тите ја задолжи светската музичка сцена со хитови како „Linger“ и „Zombie“ е родена во градот Limerick во Ирска.

Според официјалното соопштение, таа починала во Лондон, каде снимала во локално студио.

Повеќе детали не се соопштени, а медиумите ја пренесуваат изјавата на член на семејството дека „се скршени од болка и бараат приватност во ова тешко време за нивното семејство“.

извор: BBC

фото: BBC

Facebook Коментари