Македонија славеше против Црна Гора, обезбеден пласман во второто коло

- Останати, Спорт
863

Македонските ракометари во исклучително тежок и неизвесен натпревар ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора со резултат 29:28 и се пласираа во второто коло на ЕП во Хрватска.

Иако натпреварот го започнавме одлично,  првото полувреме помина во знакот на борбените и мотивирани ракометари на Црна Гора. На одмор отидовме со еден негатива, односно резултат  15:16.

Во второто полувреме посилна беше одбраната и Македонија успеа да се врати во водство и направи предност од четири гола.

Избраниците на Ѓукиќ се враќаа постојано, па во самиот финиш кога се играше гол за гол  разликата се движеше од еден до два гола разлика.

На крајот нашата репрезентација победи со 29:28 и си обезбеди пласман во второто коло. Во нашите редови одлична игра покажа Филип Кузмановски и беше играч на мечот.  Посебна приказна на ова ЕП се Македонските навивавачи кои ги има во огромен број. Во Загребска Арена има и многу стружани кои ги бодрат нашите ракометари.

Во среда (17.јануари),  Македонија од 18:15 часот игра против европскиот првак Германија.

Strugaonline

Facebook Коментари