5 часа, 13 минути и 59 секунди му беа потребни на Италијанецот Франческо Џетини кој победи на 32. издание на Охридскиот пливачки маратон што се одржа вчера во водите на Охридското езеро.
Втор целта ја помина Едуардо Сточино, а трет беше Андреа Бјанки, двајцата од Италија.
Дека овој маратон беше во знакот на италијанските пливачи се покажа и во женска конкуренција , прва беше италијанката Барбара Поцобон, на второ место во женска конкуренција заврши Унгарката Ана Олас и Аличе Франко, повторно од Италија.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари