Фановите на ракометот со реакција за натписите кои осамнаа на ракометното игралиште во Струга

- Локални
893

„Продадена Струга“ и „Продадена Македонија“ се натписите кои пред неколку денови осамнаа на влезот од Ракометното игралиште во Струга, непосредно по завршувањето на 46-от Мееѓународен турнир „Струга 2018.

Рреакција и апел до надлежните да се расветли овој случај  испратија љубителите на ракометот во Струга.

„Моментот кога , после одржување на еден традиционален, меѓународен ракометен турнир, на местото каде што сите сме едно, каде некои луѓе се грижат и секојдневно се борат со предизвиците за ова место да изгледа се подобро, каде повторно ќе се раѓаат млади талентирани ракометари и ракометарки, денес на некој тоа му беше трн во око и си дозволи полека да го уништува нашиот труд. Ве молиме во иднина пред било што да направите, размислете,Струга е препознатлива по ова ракометно игралиште, ова место е Ваше и на сите стружани. Дозволете ни да продолжиме кон патот на успехот, ја вративме Струга во Супер Лига. Зарем на некој тоа му смета ? Ние не сме политичка партија. Ние сме спортски клуб ,Ваш, на сите Стружани!!!
Ги молиме надлежните институции да го расветлат, за нас овој немил настан.“ – стои во реакцијата.

Strugaonline

Facebook Коментари