Стружанецот Јован Јаулески избран за ВД претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

- Локални
1503

Јован Јаулески од Струга  е избран за ВД претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, кој ќе биде на чело се до објавувањето на официјален повик за кандидирање  за функцијата претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ.

„Браќа и сестри, почитувани членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,
Во овие тешки моменти за нашата татковина Република Македонија, ми претставува чест и обврска за дадената доверба од страна на Извршниот комитет и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски да ја предводам УМС како ВД претседател во овие тешки моменти со кои се соочуваме.
Како ново избран ВД претседател на Унијата на млади слили на нашата матична партија ВМРО-ДПМНЕ,  се додека не се избере нов претседател, УМС ќе продолжи да работи сплотено како и досега така и понатаму да биде чувар на државните интереси и да се бори за доброто на младите во Република Македонија.“ –
напиша меѓудругото Јаулески на својот Facebook профил.

Оваа одлука дојде откако досегашниот претседател Лука Кржалоски  поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ,  на својот фб профил Лука вели дека не се согласува со политиките на сегашното раководство и по долго размислување  решил да се повлече.

Strugaonline

Фото: Јован Јаулески fb

Facebook Коментари