Промоција на нов албум со необјавени песни од Тоше Проески утре во Скопје

- Музика
931

Утревечер со почеток во 20:00 часот во  Спортски центар Борис Трајкоски во Скопје ќе се одржи концерт-промоција во чест на нашата музичка икона, Тоше Проески.

На концертот ќе биде промовиран  албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески.

Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – ’The Hardest Thing’“.

На промоцијата ќе настапат еминентни музички имиња од Македонија и Балканот

Билети се во продажба во ЈУГОТОН РЕКОРДС и на www.jugoton.mk.

Strugaonline

Facebook Коментари