Општина Струга објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации
Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.
Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот за здруженија на граѓани и фондации.
Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да го најдете на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk
Извор: Општина Струга
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари