Дрени Влаши од Велешта доби сертификат за најмлад еко-активист

- Локални
1169

Шеесет вреќи пластика собрани при акциите ѕа чистење на крајбрежјето во Струга се носат на рециклирање, a за најмлад  еко- активист сертификат доби Дрени Влаши, кој има собрано пет вреќи пластични шишиња и над 2000 пластични капачиња. Влаши има десет години, жител е на с. Велешта и  е пример дека уште од рана возраст може да се има свесност за важноста на екологијата и да се градат вистински вредности преку корисни активности за општо добро.

Акцијата за чистење на крајбрежјето е само една од еко-акциите во низа кои ги oрганизираат членовите на Здружението „Аква“ од Струга.

Целите на Здружението за развој и активизам  „Аква“- Струга се зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во локалниот развој и областите добро владеење и донесување одлуки,  поддршка и јакнење на младинскиот активизам во локалната заедница и намалување и контролирање на влијанието на човекот врз животната средина.

Strugaonline

 

Facebook Коментари