Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски по подолга дискографска пауза, се враќа на сцената со нов сингл насловен „Reminder“ кој проследен и со одличен видео спот, премиерно ќе биде претставен во петок, 21-ви декември напладне.
Новата песна ја претставува и првата соработка на Џајковски со вокалистот David Lion кој е нов член во неговиот концертен бенд и е прво издание во низата синглови со нова музика на најпопуларниот македонски електронски артист, што ќе бидат објавени во текот на следните месеци.
Синглот „Reminder“ ќе го објави „Филтер Лабел“, а од утре (петок, 21-ви декември) во 12 часот ќе биде достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.
Strugaonline
Facebook Коментари