Лев банер Десен банер

Започнува манифестацијата „Прличеви беседи“ во Охрид

Денеска во Охрид започнува традиционалната манифестација „Прличеви беседи“, со која се одбележува годишнината од смртта на Григор Прличев.

Активностите со кои се чествува ликот и делото на најпознатиот охридски поет и преродбеник ќе започнат во 12:45 часот со отворањето на изложбата на ликовни дела на уметници од Република Македонија во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“. Во 13:00 часот ќе започне свеченоста посветена на лауреатот Григор Прличев и настап на хорот при НУЦК „Григор Прличев“ со „1762 лето“. Свое обраќање ќе има и претставник  од општина Охрид , а потоа следува претставување и артистичка изведба на наградената поема за 2018 година – „Крале Марко по втор пат“ од актерите Ивица Цонев и Павел Маслов. Потоа ќе биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година, а ќе следи и свеченото обраќање на лауреатот Славчо Ковилоски.

После овие активности, манифестацијата ќе продолжи и утре.

Maнифестацијата „Прличеви беседи“ се одржува во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Strugaonline

фото: архива

 

error: