Време: Променливо облачно и свежо со дожд и ветер

- Македонија
618

Денеска ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Во југозападните делови претпладне ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини за слаб снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото студено, а преку денот потопло. Утринската температура се движеше во интервал од -2 до 6 степени, а максималната дневна ќе се движи во интервал од 14 до 21 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари