Денеска во Струга ќе се одржи десеттата Ѓурѓовденска Литија

- Локални
1300

Струга e подготвена за десеттата масовна литија по повод прослава на празникот Ѓурѓовден. Денескаа илјадници граѓани повторно ќе бидат дел од оваа свеченост и ќе ги дочекаат светите мошти на Св. Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона.

– Со особена радост ве известуваме дека торжествената струшка литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, и оваа година ќе биде збогатена со благословот на Сепречистата Владичица наша Богородица, преку нејзината чудотворна икона Крнинска, од Манастирот Пречиста Кичевска, носена од четворица кичевчани. Традиционално, и овој пат, во храмот на Великомаченикот во Струга, на 7-ми мај, вторник, со почеток во 16:00 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи молитвената Литија, која веќе прерасна во големо сенародно собитие, информираат од Бигорскиот манастир.

Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат православните христијани во Струга. Со неа се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.

Комплетниот редослед на Литијата, која ќе започне по вечерната богослужба во 17:00 часот можете да го прочитате  ОВДЕ.

Strugaonline

Facebook Коментари