ОУ „Јонче Крежески“ од први септември во ново руво и со санирана водоводна мрежа

- Локални
993

Основото училиште „Јонче Крежески“ во Мислешево до први септемрви ќе стане убаво и безбедно место за сите ученици, а најмногу за првачињата кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи.

Од раководството на училиштето информираат дека во понеделникот започна реконструкцијата и санацијата на водоводната мрежа што беше долгогодишен проблем. Санацијата на водоводната мрежа е важен процес и  тимот на МЈП „Проаква“ посветено работи за да се реши проблемот со водата во ова основно училиште.Со оглед на тоа дека ОУ „Јонче Крежески“ е подрачно училиште на ОУ „Јосип Броз Тито“, може да се заклучи дека продолжува одличната соработка помеѓу МЈП Проаква и ОУ Јосип Броз Тито.  Според планот за санација, до први септември ќе бидат реконструирани и сите училници благодарение на жителите на Мислешево и луѓето од Мислешево кои живеат во странство, кои донираа за нивните деца да учат во соодветни услови.

Во процес е и обновувањето на целиот инвентар и промената на подови , активности кои се финансирани од самото училиште.

Соединувањето на жителите на Мислешево и стручниот кадар и раковоството на училиштето вродува со плод, а резултатите учениците ќе ги почувствуваат од самиот почеток на претстојната учебна година.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари