Лев банер Десен банер

Гром го оштети трансформаторот во селото Шум, до 12:00 часот водоснабдувањето ќе се врати во нормала

Лошите временски услови проследени со електрични празнења го оштетија трансформаторот кој со струја ги снабдува пумпите кај пумпната станица во село Шум.

Екипи на МЈП Проаква Струга заедно со екипите на ЕВН Македонија се на терен и прават максимални напори да го санираат дефектот.

Од МЈП Проаква за Strugaonline информираа дека  денеска до 12:00 часот во Струга и околината водоснабдувањето ќе биде вратено во нормала.

Strugaonline

error: