Промоција на книга, изложба и сценски перформанс во недела во Струга

- Локални
630

Во недела (3-ти ноември)  во Струга ќе се одржи манифестацијата  „Нов културен бран 2019“ . Во рамките на планираната програма, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци “ ќе биде промовирана книгата „Утро во Франкфурт“  од авторката Мирјана Стојановска. Потоа ќе следува сценска изведба на Ана Жежовска и Симеона Павловска. Како солист на гитара ќе настапи Драган Микаровски, а потоа ќе биде отворена изложба на ракотворби од македонскиот и германскиот етнос.

Стартот на овој поетско-сценски, музички и изложбен перформанс е закажан за 12:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари