Во недела, 23-ти февруари, во спортската сала „Владо Попески“ во Вевчани ќе се одиграат четири натпревари во рамките на женската кошаркараска адриатик лига U17.
Првиот натпревар е закажан во 11:00 часот кога се сретнуваат екипите на ЖКК Струга 2009 од Струга и WBC PVSK NKA од Унгарија.
Вториот дуел ќе се игра помеѓу екипите на ЖКК Бадел 1862 од Скопје и ЖКК Jedinstvo DZENEX од Босна и Херцеговина во 13:00 часот.
Два часа подоцна ќе се одигра дуелот помеѓу ЖКК Бадел 1862 и WBC PVSK NKA.
Последниот натпревар во кој ќе се сретнат ЖКК Струга 2009 и Jedinstvo DZENEX е закажан за 17:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари