Минатиот петок Општина Струга објави тендер за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење во сeло Подгорци.
„На иницијатива на градоначалникот Мерко по бројните барања на жителите на оваа село кои до сега немаа пристап до чиста вода што воедно претставуваше и опасност по нивното здравје, започна постапката за тендер за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење.“-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека здравјето и благосостојбата на жителите и граѓаните на Општина Струга е пред сè.
Strugaonline
Facebook Коментари