Затворен угостителски објект во Лабуништа кој работел и покрај мерките

- Локални
1535

На 21-ви март 2020 година, екипи од полициски службеници од ОВР Струга и инспектори од Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на општините Струга и Вевчани извршија контрола на 10 угостителски објекти, а во врска со спроведувањето на одлуката на Владата на Република Македонија за заштита од вирусот COVID-19.

-Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во селото Лабуништа ги прекршил предвидените мерки по што, со решение од Пазарната инспекција, веднаш е затворен. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари