Филипче: Обезбедивме терапија која во повеќе земји покажа добри резултати

- Македонија
527

На денешната прес-конференција, министерот Венко Филипче информираше дека денеска се прават шест контролни брисеви на пациенти кои што се веќе хиоспитализирани, три  се во потешка состојба, еден во тешка состојба и двајца пациенти се со лесна клиничка слика, како што рече, оваа анализа ќе покаже дали се се уште заразни, без оглед на клиничката состојба.

Од денеска се во функција 14 пунктови за тестирање и со ова во функција се ставаат 1.200 матични лекари коишто ќе се вклучат во процесот.

„Утрово имавме состанок на комисијата за заразни болести на која што разговаравме за зајакнување на мерките. Мерки кои се однесуваат за граѓаните во ризична груипа, над 60-годишна возраст и младите до 18 години коишто се преносители на болеста. Во 17:00 часот на седница на владата ќе ги дискутираме овие мерки.“ – рече Филипче.

Тој потенцираше дека е обезбедена целата потребна терапија за голема бројка пациенти во нашата земја. Комбинацијата на терапијата која покажала дека дава резултати во процесот на лекување.

„Станува збор за   терапија, која во повеќе земји даде добри резултати, заради што и ние го правиме истото.“ – вели Филипче.

Strugaonline

 

Facebook Коментари