Тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, од денес, 25.03.2020, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.
-Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070240365 психолог Александра Николеска во период од 10:00 до 12 :00 часот. и на телефон 076624633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15::00 до 17:00 чaсот. -информираат од Црвен крст Охрид.
Strugaonline
Facebook Коментари