Ќе се врши дезинфекција во Подгорци, граѓаните да ги тргнат возилата од улиците

- Локални
1242

ТППЕ-Струга ги информира жителите на село Подгорци, дека  со одлука на градоначалникот на општина Струга, вечерва со почеток од  20:00  часот Т ериторијалната противпожарна единица Струга ќе врши миење и дезинфекција на улици во с.Подгорци.

„Поради тоа, ве замолуваме да ги тргнете вашите возила од улиците и да ги паркирате на соодветно место за да можеме полесно и поефикасни да ја извршуваме својата работа.
Воедно, ве замолуваме да останете дома и да ги почитувате мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија.“ – стои во соопштението.

Од таму додаваат дека во овие тешки мигови безбедноста на граѓаните на нашата општина треба да биде на највисоко ниво. Тоа можеме да го постигнеме само со заедничка соработка и поголема свесност кај секој од нас. Седете дома и спасете живот.

Strugaonline

Facebook Коментари