
Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 15.04. до 07 часот на 16.04.2020 година, три лица (Охрид-2, Струга-1), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во истиот период, нема нарушувања на јавниот ред и мир, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Во Охрид, регистрирани се 14 нови лица со решение за изолација и извршени се 7 контроли на лицата кои веќе се во изолација. Евидентирани се 20 нови лица во самоизолација, ( Охрид-2, Струга-15, Кичево-3) и извршени се 370 контроли врз овие лица (Охрид-44, Струга-191, Кичево-20 и Дебар-115).На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 301 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 120, Струга- 181), кои се сместени во три сместувачки објекти (Охрид-2, Струга-1). Полициските службеници извршија 96 контроли на угостителски објекти ( Охрид-16, Кичево-37, Дебар-43).„Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден. Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. “ – стои во соопштениеро од СВР Охрид
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари