СВР Охрид од денеска со засилени контроли во паркови и излетнички места

- Локални
719

СВР Охрид, од денес, 16-ти април 2020 година, во текот на претстојниот викенд, кога се одбележува христијанскиот празник Велигден, сѐ до вторник, 21-ви април 2020 година, кога на сила ќе биде забраната и посебниот режим на движење на територијата на целата држава, на целото подрачје ќе врши интензивни контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд населбите, како и на верските храмови.

– Засилените мерки за контрола на парковите, излетничките места и викенд населбите, отпочнуваат денеска, 16-ти април 2020 година, од 16:00 часот и ќе траат до вторник, 21-ви април 2020 година, до 05:00 часот. Дополнително, мерки за контрола ќе се преземаат и околу верските храмови, што е во согласност со одлуката на Владата за продолжување на забраната и посебниот режим на движење за време на претстојниот христијански празник Велигден, што ќе започнат од петок, 17-ти април 2020 година од 16:00 часот, сѐ до вторник, 21-ви април 2020 година, до 05:00 часот. Упатуваме апел до граѓаните строго да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана за движење, како и совесно и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19). Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. Воедно, на сите верници од христијанска вероисповед им го честитаме големиот христијански празник Велигден, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари