111 оздравени пациенти од КОВИД 19, денеска се регистрирани 23 нови случаи

- Македонија
864

Денеска се регистрирани 111 оздравени пациенти од COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

Оздравените пациенти се од: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино-2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

Последната дистрибуција по градови е следна:

– Скопје 498
– Куманово 389
– Дебар 51
– Штип 34
– Прилеп 150
– Тетово 82
– Струга 66
– Велес 71
– Битола 19
– Охрид 15
– Кавадарци 5
– Гостивар 17
– Гевгелија 4
– Струмица 2
– Крива Паланка 5
– Радовиш 4
– Крушево 3
– Кочани 28
– Пробиштип 2
– Кичево 2
– Неготино 9
– Демир Хисар 1
– Македонски Брод 2
– Пехчево 2
– Делчево 1
– Валандово 1
– Виница 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ-287, Ветеринарен факултет-11, Авицена-14, Биотек-20, Филип Втори (Жан Митрев)-23, Систина со PCR метода-21 и МАНУ-10. Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на COVID-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на COVID-19.

Strugaonline

 

Facebook Коментари