На утрешниот состанок на Штабот во Владата н и Комисијата за заразни болести ќе се одлучува за тоа како ќе се регулира забраната за движење за време на викендот, а на состанокот во сабота ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките од следната недела и дали ќе започнат со работа угостителските објекти – информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека деновиве ќе се анализираат бројките на новозаболени, со оглед на тоа дека денеска имаше скок на бројката на нови случаи со КОВИД 19 во земјава.
„Искрено се надеваме дека ова денеска е поединечна варијација и дека од утре ќе продолжи трендот од изминатите 14 дена, за што заклучивме дека е сериозно мал број дијагностицирани случаи и оди во корист за олабавување на мерките“-изјави Филипче.
На денешната прес конференција министерот информираше дека од понеделник започнува скринингот односно тестирањето на вработени во градинки, возачи во ЈСП, вработени во други државни служби, се со цел да се има вистинската слика и да се детектираат и асимптоматските случаи.
Strugaonline
Facebook Коментари