МВР-126 граѓани не ја почитувале забраната за движење, регистрирани се 18 прекршоци за неносење маски

- Македонија
632

Во текот на изминатото деноноќие, 25/26.05.2020 година, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 18 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Извор: МВР

Facebook Коментари