Комисијата ќе препорача укинување на полицискиот час и отварање на границите од 1 јуни

- Македонија
833

Од 1 јуни да се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час да се укине, препорачала Комисијата за заразни болести,  а пренесе Фактор.

Комисијата препорачала кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата.

Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 05 часот наутро.

Извор од Комисијата за Фактор изјавил дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружуваат. Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат, Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени.

Извор: Фактор.мк

фото: aрхива

Facebook Коментари