Со Илинденскиот маратон во Охрид започнува 7. Куп во далечинско пливање

- Локални
702
Националната пливачка федерација седма година по ред ќе го одржи Македонскиот куп во далечинско пливање .И оваа година Купот ќе започне  со традиционалниот  Илинденскиот маратон во Охрид кој се одржува за големиот празник Илинден.
За прв пат ќе има  трка и во Крушево. И оваа година финалето на Купот ќе се одржи на Велешкото езеро Младост на 12.09.2020.

во рамките на Купот ќе се пливаат вкупно 6 трки, во три категории на пливачи:

Категорија 2,5 километри:

– категорија 12-14 години (пливачи родени 2006-2008 година)

Категорија 5 километри:

– категорија А 15-17 години (пливачи родени 2003-2005 година)

– категорија Б 18 години и постари (пливачи родени 2002 година и постари)

Календар:

– 02.08.2020 годинa Илинденски Куп (Градска плажа) 2,5 км
– 09.08.2020 година Крушево 2,5 км
– 16.08.2020 година Охрид (Градска плажа) 2,5 км и 5 км
– 29.08.2020 година Маврово (Мавровско Езеро) 2,5Км
– 06.09.2020 година Кавадарци (Тиквешко Eзеро)
– 12.09.2020 година Велес (Велешко Eзеро) 2,5 км и 5 км

Strugaonline

Facebook Коментари