Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 35 степени. Утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 34 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари