Лев банер Десен банер

РК Струга на домашен терен славеше над екипата на Радовиш

Ракометарите на Струга по убедливиот пораз од Охрид во езерското дерби,  славеа на домашен терен против Радовиш со 27-21. На полувреме беше 15-10.

Во второто полувреме Струга водеше и со плус шест, 24-18, но екипата на Радовиш со серија од три голови преку Долдуров и Ристов намалија на 24-21 на десетина минути до крајот.

И покрај оваа серија, Радовишани немаа сила за пресврт, па Струга на крај славеше со 27-21.

Најдобри стрелци во нашиот тим  беа  Богдан Николиќ со десет голови и Пеце Рајатовски со шест, додека кај Радовиш по четири погодоци постигнаа  Зоранчо Стојановски и Ивица Илиев.

Strugaonline

error: