Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски е позитивен на Ковид 19. Oваа информацијата доцна синоќа тој ја сподели на својот Facebook профил.
– Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје, порача Јанкоски.
Во моментот во Вевчани активни се 25 случаи позитивни на коронавирусот. Дел од нив се третираат во дневната амбулатна во Здравствен дом Вевчани, а некои се на домашно лекување.
Strugaonline
Facebook Коментари