Синоќа на седница на Владата донесена е одлука од буџетските резерви да бидат наградени сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство.
,,Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе!“ – напиша на својот Facebook профил премиерот Зоран Заев .
Тој во раните утрински часови ги пречека македонските фудбалери.
,,Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство.
Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.
Еден гол за сите, една победа за сите!
Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден.
Јас и првиот вицепремиер Артан Груби сме овде да ја споделиме радоста и да ви укажеме чест и да ви соопштиме дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.“ – додаде Заев
Strugaonline
Facebook Коментари