Премиера на претставата ,,Сопружници“ во сабота во Народен театар Охрид

- Локални
469
Во сабота во Центар за култура Григор Прличев-Охрид ќе се игра премиерата на претставата ,,Сопружници“  во режија на Драгана Таневска.
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите. –  вели режисерката Драгана Таневска.
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
Гардеробери – Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизитери – Соња Крстаноска, Маријана Николоска
Сценски декоратери – Кире Ангелоски, Горан Георгиески, Ѓоко Китоски, Даниел Андрески
Почетокот е закажан за 18:00 часот, премиерата е од затворен тип.

Facebook Коментари