Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и натпросечно топло, Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер (на места и околу 80 км/час). Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 18 степени. Утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во југоисточните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег.
Извор: УХМР
Facebook Коментари